Црна хроника
(Видео) Откриени 65 стебла канабис во Демир Капија, приведени двајца дилери
Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, во координација со СВР Велес, во местото Јаворица, Демир Капија, пронајдоа насад со 65 стебла канабис со висина од 2,5 до четири метри и на самото место приведоа две лица – С. С. (33) и А. С. (56) од Демир Капија поради соменние за недозволено производство и продажба на марихуана.
На самото место се пронајдени и цевки за наводнување, како и друга опрема за обезбедување и заштита на насадот.
Извршени се и претреси на две локации во околината на Неготино, при што се пронајдени два „карабина“ и една ловна пушка., како и поголема количина цветови од канабис подготвена за сушење и продажба.
Денеска, против двете лица ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 и член 396 до Основното јавно обвинителство – Неготино. Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни акции со цел сузбивање на нелегалната трговија со дрога, како и другите видови криминал, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.