Црна хроника
(Видео) Приведени се три лица за изнуда, меѓу нив и полицаец
МВР информира дека на 30.6.2022 од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал уапсени се С.Д.(61), Н.К.(37) и М.Р.(43), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение дека извршиле кривично дело изнуда по чл.258 од Кривичниот законик.
Според извештајот на полицијата, С.Д., поради претходен долг на оштетеното лице во износ од 63.500 евра во текот на 2004 година, до 2019 година со закани му наплатил околу 440.000 евра.
Во периодот од 2019 до 30.6.2022 година, С.Д., заедно со Н.К., во име на М.Р., полициски службеник, со закани по живот, му изнудиле дополнителни парични средства во износ од 560.000 евра со рок на исплата до 30.6.2022 година. Притоа, со оглед на сумата, оштетениот се договорил со изнудувачите неделно да им предава од 5.000 до 10.000 евра, сè до конечната исплата на 560.000 евра.
По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници, а во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, по примопредавање на пари во износ од 3.000 евра од страна на оштетеното лице, трите лица се лишени од слобода.
Тие се задржани во полициска станица, а денеска против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка и изведени се пред надлежен Јавен обвинител.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.