Црна хроника
Возач и мигрант ранети при обид да избегаат од полицијата
Возач, кој превезувал мигранти и еден патник, добиле со прострелна рана во нозете додека возачот се обидувал да ѝ побегне на полицијата.
Настанот се случи рано утрово на патот кај селото Кравари.
Според информациите од МВР, полициските службеници се обиделе да сопрат патничко возило со скопски регистарски ознаки, но возачот се обидел да ги прегази. Потоа полицајците од огнено оружје испукале неколку истрели.
Набргу возилото запрело во близина на бензинска пумпа на влез во Битола, а во него бил затекнат возачот Ш. С., кој добил две прострелни рани во нозете, а во непосредна близина бил пронајден и еден мигрант со прострелна рана во едната нога.
Повредените лица се пренесени во Клиничката болница во Битола за укажување лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.