Црна хроника
Возач на мопед тешко повреден по сообраќајна несреќа со автомобил
На 9.8.2022, во 00.20 часот, било пријавено дека во Скопје, на улицата Кемал Сејфула, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б. Л. (21) од с. Љуботен, Скопско, и моторцикл „вангје“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Д. Л. (25) од Скопје.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот на мопедот, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.