Црна хроника
Возач оставил 10 мигранти на патот кон Табановце и побегнал
Вчера во 04,50 часот постапувајќи по наредба за вршење на служба, мотопатрола од Полициската станица за граничен надзор „Сопот“ на место викано „обиколница Костурник“, забележала патничко моторно возило „порше каен“ со скопски регистарски ознаки, кое се движело со голема брзина по автопатот Куманово-Граничен премин „Табановце“.
Мотопатролата се упатила по возилото и го пристигнале, по што возачот ги симнал мигрантите кои ги превезувал и избегал. На местото на настанот затекнати биле 10 лица-мигранти од кои седум лица од Пакистан, две лица од Турција и едно лице од Сирија по што биле пренесени во Транзитниот центар Табановце. Се работи на пронаоѓање на возачот и целосно расчистување на случајот, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.