Црна хроника
Возач тешко повреден откако излетал на патот Штип – Кочани
Синоќа во 21:40 часот било пријавено дека на магистралниот пат Штип – Кочани, на излез од с.Крупиште, патничко возило „форд ескорд“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.К.(41) од с.Уларци, Штипско, излетало од коловозот.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничкиот центар Штип. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.