Црна хроника
Возило во сопственост на МВР и автобус се судрија во Куманово
Вчера напладне во Куманово на улицата Доне Божинов се случила сообраќајна незгода помеѓу две возила од кои едното во сопственост на МВР и автобус.
Во нсреќата учествувале моторно возило „киа“ управувано од М.Х.(29) од Куманово, патничко моторно возило „шкода“ сопственост на МВР, управувано од Г.Б.(51) од Куманово, и автобус „темса“ управуван од И.С.(41) од Куманово.
Во незгодата сопатникот В.П. (32) од патничкото возило „шкода“ се здобил со повреди, по што бил пренесен во Општата болница – Куманово за укажување лекарска помош, јавија од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.