Црна хроника
Возило со мигранти излетало од пат, возачот избегал од местото на несреќата
На патениот правец Велес – Скопје пред тунел Катланово товарно моторно возило „Ивеко”, во кое имало мигранти излетало од патот, соопштуваат од МВР.
По сообраќајната несреќа возачот на автомобилот избегал, а на мигрантите им била укажана лекарска помош во Комплекс клинки „Мајка Тереза“ во Скопје.
Од полицијата велат во возилото имало 18 мигранти. Извршен е увид на местото на настанот, и во овој момент се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.