Црна хроника
Вооружен грабеж на златарница во Прилеп
Извршен е увид на самото место во златарницата во Прилеп, каде што утрото имаше разбојништво.
Според информациите, утрово, три засега непознати лица извршиле разбојништво во дуќан – златарница во старата чаршија во Прилеп. Во 8.40 часот сопственичката влегла во дуќанот и зад себе ја заклучила влезната врата по што почнала да го вади накитот од сефот. Во тој момент две лица го скршиле стаклото од излогот и вооружени со пиштоли влегле внатре барајќи од сопственичката да им ги даде накитот и парите. За тоа време трето лице било надвор пред дуќанот и вооружен ги бркал случајните минувачи. Кога ги зеле паричните средства и накитот, трите лица со бегање се упатиле кон патничко моторно возило со гостиварски регистарски ознаки и побегнале од местото на настанот.
Надлежен јавен обвинител заедно со увидни екипи од Министерството за внатрешни работи изврши увид на самото место. Издадени се наредби за прибирање траги и докази од самото место за обезбедување видеозапис од видеонадзорот. Дејствата на Основното јавно обвинителство Прилеп се одвиваат во континуитет за расчистување на кривично-правниот настан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.