Црна хроника
Во верижен судир во Скопје повредени четири лица
На улицата Џон Кенеди во Скопје, синоќа, во 21.25 часот, се случила верижна сообраќајна незгода помеѓу три патнички возила и едно возило што било паркирано. Притоа во незгодата повредени се четири лица, информираат од МВР.
Во несреќата учествувале патничко моторно возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Е. Љ. (67) од Скопје, патничко моторно возило „алфа ромео“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Р. И. (20) од Скопје, патничко моторно возило „шкода фабија“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В. Ч. (29) од Скопје, и паркирано патничко моторно возило „шкода“, со скопски регистарски ознаки, паркирано од Е. М. (47) од Скопје, информираат од мМинистерството за внатрешни работи.
Во незгодата тешки телесни повреди добила сопатничка од возилото „шкода фабија“, С. Ч. (61), а телесни повреди добиле Р. И., сопатникот од истото возило, Б. Т. (21) од Скопје, и В.Ч..
Повредите биле констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на настанот од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.