Црна хроника
Во водите на Преспанско езеро пронајдени 22 рибарски мрежи со 100 кг улов
Во водите на Преспанското езеро ноќеска биле пронајдени 22 рибарски мрежи во должина од околу 1100 метри, со околу 100 килограми улов.
Во акцијата учествувале полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при ОГРМ, БЈБ во соработка со Државниот инспекторат за земјоделие и концесионерот на езерото.
Мрежите и уловот се подигнати и предадени на Државниот инспекторат за земјоделие за понатамошна постапка.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
156 санкции за брзо возење на територијата на Македонија
Во текот на вчерашниот ден, Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 156 возачи.
Од нив пет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 73 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.
Црна хроника
Кој кого тепал – Семејна драма во Драчево
26-годишна жена вчера во 13.53 часот во СВР Скопје пријавила дека во домот на подрачјето на Драчево била физички нападната од нејзиниот 39 – годишен сопруг.
Полицијата информира дека исто така, во 14.10 часот, 39 – годишниот сопруг пријавил дека во домот бил физички нападнат од неговата 26 – годишна сопруга.
Според надлежните, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Претепан возач на автобус на ЈСП
Возач на автобус на ЈСП бил претепан од едно лице со употреба на тврд предмет.
Имено синоќа во 20.50 часот во СВР Скопје, А.З.(47) од Скопје пријавил дека околу 20.30 часот на подрачјето на Центар, додека извршувал работни задачи како возач на автобус на ЈСП, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврд предмет.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.