Црна хроника
Во Гевгелија откриено поголемо количество дрога, осомничените се обиделе да побегнат
Јавното обвинителство од Гевгелија поведе постапка против две лица кои се сомничат дека како соизвршители сториле кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции казниви по Кривичниот законик.
Првиот осомничен, жител на Скопје, на 7 август, по претходен договор со неговиот соизвршител, во автомобил „фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки од Скопје до Гевгелија пренел 998 грама марихуана. Дрогата спакувана во едно ќесе ја оставил во боровата шума кај стовариште во близина на Гевгелија.
Таму се сретнал со вториот осомничен, жител на Гевгелија, кој на локацијата пристигнал со мотор „веспа“.
По краток разговор, вториот осомничен ја зел дрогата. Веднаш потоа бил запрен од полициски службеници кои биле во близина, па осомничениот се обидел да избега, а ќесето со марихуана го фрлил.
Бидејќи постојат околности кои го оправдуваат стравот дека осомничените ќе се дадат во бегство, дека ќе ги уништат трагите од кривичното дело и дека ќе ја попречуваат кривичната постапка со влијание врз сведоците и соучесниците во кривичното дело, како и дека ќе го повторат кривичното дело, јавниот обвинител му предложи на надлежниот суд да определи мерка притвор.
Судијата за претходна постапка при Основниот суд Гевгелија го прифати предлогот и на двајцата осомничени со решение им определи притвор во траење од по 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.