Црна хроника
Во Германија уапсен бегалец од нашата земја, кој е осуден на 32 години затвор
МВР информира дека во соработка со германската полиција уапсен е криминалец кому му се изречени казни од над 32 години затвор.
На 29 ноември во Хамбург, Германија, бил уапсен Р. Б. (37), по кој трага нашата држава со 11 национални потерници, од кои една меѓународна. Тој, според МВР, е сторител на повеќе кривични дела поврзани со измами, фалсификување и телесни повреди сторени на територијата на нашата држава и е едно од најбараните лица по кои трага нашата држава. За него се донесени повеќе пресуди од нашите судови, со вкупно изречена казна затвор од 32 години и 5 месеци.
„Со интензивна комуникација помеѓу Отсекот за меѓународни потраги по лица при Секторот за меѓународна полициска соработка со германскиот полициски офицер за врска, Интерпол Визбаден, Германија, како и директен контакт со ФАСТ-единицата во Хамбург (Fugitive Active Search Team – единица што активно трага по најбраните криминалци), Германија, за два месеца лицето е лоцирано и лишено од слобода во Германија“, информира МВР.
Ова е втор случај на директна комуникација во последните неколку месеци со полицијата од Хамбург, односно со ФАСТ-единицата, по оној во август 2019 кога во соработка со Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал, со интензивна размена на информации преку германскиот полициски офицер за врска за германски државјанин, за кого имаше активна меѓународна потерница поради сомнение за недозволена трговија на 700 килограми кокаин во Германија, тој беше лишен од слобода во Северна Македонија. Покрај ова, како резултат на продлабочената соработка меѓу Министерството за внатрешни работи на РС Македонија и германската полиција, за неколку месеци лишени се од слобода 30-ина лица по кои трага нашата држава со меѓународни потерници, осомничени за разни кривични дела со цел екстрадиција во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.