Црна хроника
Во дом во Тетовско пронајдена голема количина муниција
По наредба за претрес, во домот на 61-годишен маж од Џепчиште, Тетовско, била пронајдена голема количина муниција.
„При извршен претрес во домот на А. С. (61) биле пронајдени и одземени се 94 парчиња муниција 7,9 калибар мм, осум парчиња муниција калибар 9 мм и четири куршуми за гасен пиштол, футрола за пиштол и прибор за чистење оружје. А.С. бил лишен од слобода, а по целосното расчитување и документирање ќе следи соодветен поднесок“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.