Црна хроника
Во пожар во плевна во крушевско Нерово изгореле трактор, два автомобила и 600 бали тутун
Во попладневните часови на вчерашниот ден било пријавено дека во крушевско Нерово избувнал пожар во плевна сопственост на 63-годишен жител на селото.
Во пожарот изгореле околу 600 бали тутун, седум кутии со тутун, 25 вреќи со жито, 200 бали сено и слама. Покрај тоа, делумно изгорел и трактор „ИМТ 542“, авромобил „голф 2“ и автомобил „фиат пунто“, а на куќата биле пукнати стакла од два прозорца, при што била причинета материјална штета од 15.000 евра.
За два часа пожарот бил целосно изгаснат од екипи на Противпожарната единица Крушево и Противпожарната единица Кривогаштани.
Изгореници на рацете и телото добиле сопственикот на плевната и неговата 35-годишна снаа, кои се обидувале да го спасат тракторот. Ним им била укажана лекарска помош во Општата болница во Прилеп по што биле пуштени на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршиле екипи од полициските станици Прилеп и Крушево и се работи на целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.