Црна хроника
Во притвор дилер на дрога од Куманово
Обвинителството поведе постапка за едно лице, 24-годишен кумановец, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.
Осомничениот во текот на јануари неовластено заради продажба држел наркотична дрога и психотропни супстанции. При извршен претрес на дом и други простории од страна на полициски службеници при СВР Куманово, биле пронајдени и со потврда одземени вкупно 2638,13 грама марихуана, 0,14 грама хашиш , 1,40 грама амфетамин и една дигитална вага. Осомничениот дрогата ја сокрил во повеќе пакувања во куќа во која престојувал и во куќа сопственост на неговиот дедо.
Заедно со донесената наредба за спроведување истражна постапка, јавниот обвинител достави предлог до судија на претходна постапка во Основниот суд Куманово за определување на мерка притвор на осомничениот, бидејќи постојат основи дека осомничениот ќе се даде во бегство и дека ќе го повтори кривичното дело. Судот донесе решение со кое ја определи предложената мерка, во траење од 30 дена .
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.