Црна хроника
Во Скопје вчера 15 сообраќајки и осум повредени
Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Скопје се случиле 15 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, седум со телесни повреди и седум со материјална штета. При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и осум со лесни телесни повреди.
75 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и 29 возачи, бидејќи 23 го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување на моторно возило, двајца биле возачи почетници и четири го управувале возилото под дејство на алкохол.
Едно возило е исклучено од сообраќај бидејќи било технички неисправно, 16 затоа што биле нерегистрирани и едно затоа што било претоварено. Пет возачи се санкционирани бидејќи поминале крстосница на црвено светло, четворица не дале првенство на минување на пешаци, четворица неправилно се престроиле, еден неправилно престигнувал, пет не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница и тројца не користеле заштитен шлем.
Во однос на пешаците, санкционирани се седум пешаци кои поминале коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 95 мандатни платни налози, додека исто така 55 возила се подигнати со „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.