Црна хроника
Во Скопје изминатиот викенд 29 сообраќајни незгоди, еден загинат и 15 повредени
Во текот на изминатите денови на подрачјето на Скопје се случиле 29 сообраќајни незгоди, од кои една со загинато лице, една со тешки телесни повреди, 13 сообраќaјни незгоди со телесни повреди и 14 со материјална штета. Во сообраќајните незгоди едно лице го загубило животот, едно лице добило тешки телесни повреди и 14 лица добиле телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 167 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 141 возач, од кои: 67 возачи затоа што управувале возила под дејство на алкохол, 57 возачи управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило и 17 возачи затоа што биле возачи почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 59 возила бидејќи 53 биле нерегистрирани, а шест возила биле технички неисправни. Санкционирани се 15 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, тројца возачи поради недавање првенство на минување пешаци, четворица поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување и девет возачи поради неносење заштитен шлем (кацига).
Во однос на пешаците, санкционирани се 10 пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин и четири пешаци затоа што поминале коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 269 мандатни платни налози и 128 возила се подигнати со специјално возило „пајак“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.