Црна хроника
Во Скопје казнети 132 возачи, 36 од нив за брзо возење
Вкупно 132 возачи биле казнети за непочитување на сообраќајните правила само на територијата на Град Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од нив 36 казни биле изречени за брзо возење, шест за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила.
„Изречени се седум санкции за користење мобилен телефон, три за возење под дејство на алкохол, четири за некористење сигурносен појас, три за минување на црвено светло, 33 за непрописно паркирани возила“, известуваат од МВР.
Според ресорното министерство, засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредните денови. Од таму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.