Црна хроника
Во Скопје санкционирани 40 возачи поради пребрзо возење
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје преземени се мерки и активности и констатирано е дека 40 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 24 возачи затоа што 21 управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило и тројца биле возачи почетници.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 16 возила бидејќи 15 биле нерегистрирани и едно технички неисправно. Санкционирани се и двајца возачи поради поминување крстосница на црвено светло, четворица поради недавање првенство на минување на пешаци на обележан пешачки премин, двајца поради неправилно престројување, двајца возачи поради некористење заштитен шлем (кацига) при управување мотоцикл, девет возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 23 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило.
Во текот на изминатиот ден издадени се 75 мандатни платни налози и 62 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.