Црна хроника
Во Скопје се случиле 18 сообраќајки, 13 полесно повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле 18 сообраќајни несреќи. Во десет сообраќајки е констатирана материјална штета, а во осум со полесни телесни повреди се здобиле 13 лица.
Сообраќајната полиција во текот на изминатиот ден санкционирала 18 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење. Двајца возачи се исклучени од сообраќај поради тоа што ги управувале своите возила под дејство на алкохол, а шест возачи поминале на црвено светло на семафорите.
Санкционирани се осум возачи кои ги управувале своите возила по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола, а пет пешаци поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 39 возила, а 42 возила биле непрописно паркирани.
Сообраќајната полиција информира дека еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, кој е во посета на Македонија, ќе пристигне на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје.
За време на движењето на колоната возила под придружба кон Град Скопје, како и по сообраќајниците низ градот, ќе биде воспоставен посебен режим на сообраќај, што подразбира апсолутен приоритет на минување низ сите сообраќајници.
Се апелира сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ќе бидат давани од полициските службеници, односно да бидат внимателни и трпеливи, бидејќи веднаш по поминување на колоната под придружба ќе бидат преземени мерки за целосно нормализирање на сообраќајот. крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.