Црна хроника
Во Скопје се случија 13 сообраќајки, во кои се повредени четири лица
Во изминатите 24 часа на територијата на градот Скопје се случија 13 сообраќајни несреќи.
Од нив во десет има констатирано материјална штета, а додека во три сообраќајки 4 лица се полесно повредени.
Во истиот временски период полицијата откри и санкционира тринаесет кои се движеле со брзина поголема од дозволената, а двајца возачи ги управувале своите возила под дејство на алкохол, по што се исклучени од сообраќајот.
Во зона на крстосница, други двајца возачи не дале право на првенство на минување на возила, по што сообраќајната полиција ги санкционирала.
Петмина возачи поминале на црвено светло на семафор, а десет возачи ги управувале своите возила без возачка дозвола или нерегистрирани возила.
Санкционирани се и пет пешаци, кои поминале вон обележан пешачки премин односно поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Во текот на изминатиот ден отстранети се 40 возила кои биле непрописно паркирани. Истите во поголема мера го попречувале нормалното одвивање на моторниот сообраќај.
Во рамките на сообраќајно воспитната акција „Да ги заштитиме децата во сообраќајот”, Одделението за превенција денеска ќе реализира едукативни работилници во Приватно Основно Училиште „Јахија Кемал“ кое се наоѓаат на подрачјето на општина Карпош притоа ќе бидат реализирани едукативни работилници со учениците од II и IV одделение.крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.