Црна хроника
Во Скопје 10 сообраќајки и деветмина повредени
Во текот на изминатиoт ден на подрачјето на Скопје се случиле 10 сообраќајни незгоди од кои две со тешки телесни повреди, шест со телесни повреди и две со материјална штета. При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со тешки телесни повреди и седум со лесни телесни повреди. 27 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената.
Исто така, исклучени се и 10 возачи бидејќи пет го управувале возилото пред да се стекнат со право за управување моторно возило, еден бил возач почетник и четворица го управувале возилото под дејство на алкохол.
Три возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Санкционирани се и двајца возачи кои поминале крстосница на црвено светло, еден не дал првенство на минување на пешаци и еден не користел заштитен шлем.
Во однос на пешаците, санкционирани се тројца пешаци кои поминале надвор од пешачки премин. Во текот на изминатиот ден издадени се 36 мандатни платни налози, додека исто така 34 возила се подигнати со „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.