Црна хроника
Во Скопје 10 сообраќајки и девет повредени
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје се случиле вкупно 10 сообраќајни незгоди од кои две со лесни телесни повреди и осум со материјална штета. Во сообраќајните незгоди девет лица се здобиле со лесни телесни повреди.
Од преземените мерки и активности констатирано е дека 32 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи од кои: еден возач поради тоа што управувал моторно возило под дејство на алкохол, а 13 возачи управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Исто така санкционирани се и осум возачи бидејќи управувале нерегистрирани возила, четири возачи – поради поминување на крстосница на црвено светло, двајца возачи поради неправилно престројување, како и двајца возачи коишто не дале првенство на минување на пешаци.
Покрај ова, санкционирани се и 12 пешаци затоа што поминале коловоз надвор од пешачки премин, а еден пешак – затоа што поминал коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 79 мандатни платни налози, додека 71 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.