Црна хроника
Во Скопје 58 лица возеле побрзо од дозволеното, а над 100 возила биле подигнати од „пајак“
Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Скопје полицијата констатирала дека 58 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Од сообраќај се исклучени 16 возачи од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 15 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило.
Исто така, исклучени од сообраќај се и 19 возила бидејќи 13 биле нерегистрирани и шест возила биле технички неисправни. Санкциониран е еден возач поради поминување крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, седум поради неправилно престројување, тројца поради неправилно престигнување, двајца возачи поради недавање првенство на минување на возила во зона на крстосница, еден поради непоседување пропишана зимска опрема, 24 поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 27 возачи поради користење мобилен телефон при управување на возило.
Во однос на пешаците, санкционирани се тројца пешаци поради поминување улица вон пешачки премин и еден пешак поради поминување коловоз на црвено светло.
Во текот на изминатиот ден издадени се 151 мандатен платен налог и 106 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.