Црна хроника
Во сообраќајна незгода кај Хиподром тешко повреден 53-годишник од Крива Паланка
Во близина на пешачкиот надвозник во населбата Хиподром, на булеварот Александар Македонски, во утринските часови на 16 март се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „рено мастер фриго“, управувано од 42-годишник од Велес и автомобил „опел корса“, со кумановска регистрација, управуван од 36-годишник од селото Петралица, Крива Паланка.
Во незгодата тешки повреди добил сопатникот во автомобилот, 53-годишно лице од селото Огут, Крива Паланка.
Повредениот бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување лекарска помош, а на местото на настанот бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.