Црна хроника
Во судир на два автомобила кај Куманово тешко повреден човек кој стоел отстрана
Еден тешко повреден и четири оштетени возила се последица од сообраќајка на автопатот Куманово – Табановце, која се случила во попладневните часови на 17 декември.
Во судирот во близина на селото Долно Коњаре учествувале „мерцедес“, со кумановска регистрација, управуван од 53-годишен жител на Ваксинце, и автомобил „дачија логан“, исто така со кумановски регистарски ознаки, управуван од 23-годишник од Табановце.
Притоа, „мерцедесот“ удрил и во паркирано комбе „фиат дукато“ и паркиран „форд галакси“, чиј сопственик стоел покрај автомобилот и од ударот добил тешки повреди. Станува збор за 45-годишен жител на кумановското село Черкези, кој итно бил пренесен во кумановската општа болница за укажување лекарска помош.
Полицијата извршила увид на местото на настанот и работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.