Црна хроника
Вработена во кумановскиот катастар си ги зела за себе парите од наплатата за имотни листови
Кумановската полиција поднесе кривична пријава против 57-годишна кумановка поради сомнение за сторено кривично дело послужување во службата.
Како што информираат од МВР, во периодот од 1 јануари до 5 јуни годинава, пријавената, како референт во Агенцијата за катастар на недвижностите во Куманово, издала 197 имотни листови, при што надоместокот од 180 денари го наплаќала во готово од граѓаните и го задржувала за себе.
На овој начин вработената стекнала имотна корист од 35.460 денари на штета на буџетот на Агенцијата за катастар на недвижностите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.