Црна хроника
Вработена во МЕПСО го оштетила буџетот на компанијата за над 360.000 евра
Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против К. Г. во својство на член на Управниот одбор на АД МЕПСО во периодот од 24.6.2009 до 17.2.2016 година и одговорен проект-менаџер за имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем за несовесно работење, со што ја оштетила компанијата за над 360.000 евра.
„Пријавената К. Г., во својство на одговорен проект-менаџер за Пакет 14 – Набавка и имплементација на компјутеризиран деловен информациски систем (БИС), финансиран од заемот на Светската банка – ECSSE APL – 3 Macedonian project, во 2016 година несовесно постапила во вршење на своите овластувања и должности на начин што потпишала и потврдила прием и имплементација и овозможила плаќање на бизнис-информациски систем, набавен од конзорциумот ‘Кинг ИЦТ’ ДООЕЛ Скопје и ‘Кинг ИЦТ’ ДООЕЛ Загреб иако испорачаниот систем не бил функционален, односно не бил изработен во согласност со техничките спецификации, одделни модули давале погрешни податоци и извештаи, договорените и платени продукциски лиценци никогаш не биле инсталирани ниту, пак, во гарантниот период презела соодветни мерки и дејства со кои би се исправиле сите недостатоци и купениот софтвер би се интегрирал целосно во согласност со договорените спецификации и на тој начин го оштетила буџетот на АД МЕПСО за износ од 22.215.675,00 денари“, соопшти Управата за финансиска полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.