Црна хроника
Вработени во болница и ги дале картичките на хигиеничарката за лажно да пријавуваат прекувремена работа
Секторот за внатрешни работи Охрид поднесе кривична пријава против М.К.(58) од Охрид и О.Л.(49) од Струга за ,,лоупотреба на службена положба и овластување“. Во период од февруари 2012 година до ноември 2015 година, првопријавената, како помошник директор за економски работи во ЈЗУ Општа болница Охрид изготвила 13 наредби за прекувремена работа со невистинита содржина, додека второпријавената, како шеф на отсек за комерција и јавни набавки во ЈЗУ Општа болница Охрид, изготвила 10 наредби за прекувремена работа со невистинита содржина, при што истите ги завериле наредбите со свои потписи, како и со факсимилот со скратен потпис од директорот на ЈЗУ Општа болница Охрид, без овластување од него.
Пријавените, за да ги потврдат изготвените наредби, и ги дале службените картички за редовност на хигиеничарката, и со усна наредба ја задолжиле да врши отчитување на истите во 20 часот, и покрај тоа што пријавените останувале на работните места до 16 часот. Со ова пријавените се стекнале со противправна имотна корист од 141.746 денари, на штета на ЈЗУ Општа болница Охрид.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.