Црна хроника
Вработен во ЕВН загина од струен удар
Вработен од ЕВН загина од струен удар додека бил на терен во Крива Паланка. Како што информира МВР, вчера во 12 часот било пријавено дека во селото Подржикоњ – Крива Паланка, на место викано Косачи, С.Ѓ.(48) од Крива Паланка, вработен во ЕВН, изведувајќи работи починал од струен удар, констатирано од лекар на Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Крива Паланка. По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Двајца малолетници и 50-годишен маж нападнати од кучиња скитници во Тетовско
Четириесетгодишен жител на тетовска Брвеница, вчера, во 17.50 часот, во СВР Тетово пријавил дека неговата малолетна ќерка во селото била касната од куче скитник.
Синоќа, во 19 часот, 42-годишната тетовка М. С. во СВР Тетово пријавила дека нејзиниот малолетен син на улицата Борис Кидрич во Тетово бил каснат од куче скитник.
Педесетгодишниот Б. С. од Скопско, вчера, во 14.30 часот, во СВР Тетово пријавил дека на улицата 101 во Гостивар бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Изгубил контрола врз четирициклот и паднал: тешко повреден малолетник од Тетовско
Завчера, околу 17.30 часот, во атарот на тетовското село Доброште, во месноста Орман, малолетник од ова село, управувајќи четирицикл со тетовски регистарски ознаки, сопственост на татко му, изгубил контрола движејќи се по нивите, паднал и добил тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.
Сопатникот, исто така малолетник, добил телесни повреди.
Увид на местото вчера извршила екипа од СВР Тетово.
Топ
Допирал по телото малолетно девојче: уапсен 50-годишен маж од Албанија
Полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчеравечер, околу 20 часот, на улицата Гоце Делчев во Гостивар, го лишиле од слобода 50-годишниот А. Т. од Република Албанија.
Тој претходно бил пријавен од 54-годишен гостиварец дека на 14 и 15 овој месец во Гостивар, во два наврата, ѝ се доближувал на неговата малолетна ќерка и ја допирал по телото.
А. Т. е задржан во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот по што против него ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.