Црна хроника
Вчера 13 сообраќајки во Скопје
Во текот на изминатиoт ден во Скопје се случиле 13 сообраќајни незгоди од кои една со тешки телесни повреди, пет со телесни повреди и седум со материјална штета.
При сообраќајните незгоди едно лице се здобило со тешки телесни повреди и пет со лесни телесни повреди.
107 возачи се санкционирани бидејќи се движеле со поголема брзина од дозволената. Исто така, исклучени се и седум возачи бидејќи го управувале возилото под дејство на алкохол. 12 возила се исклучени од сообраќај бидејќи биле нерегистрирани. Еден возач е санкциониран бидејќи не дал првенство на минување на пешаци, четворица неправилно се престроиле и еден неправилно престигнувал.
Во текот на изминатиот ден издадени се 242 мандатни платни налози, додека исто така 51 возила се подигнати со „пајак”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Доживотен затвор за лице што на свиреп начин уби жена во Кочани
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Кочани, а по признание на вина, Основниот суд во Кочани донесе осудителна пресуда за едно лице за кривично дело убиство извршено при родово базирано насилство и на свиреп начин, при што за сторителот е изречена казна доживотен затвор.
Обвинетиот на 25.9.2023 година на свиреп начин лиши од живот жена нанесувајќи и многубројни убоди со нож.
Во обвинението Основното јавно обвинителство Кочани го товареше обвинетиот и за кривично дело уцена кон истата оштетена сторено пред убиството. Меѓутоа, тоа дело обвинетиот не го призна, постапката е раздвоена и за тој дел од обвинението ќе продолжи судска постапка.
Црна хроника
Кучиња скитници искасаа три лица во Скопје
Синоќа, во 20.45 часот, во Полициската станица Аеродром, К. И. (48) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден околу 14.20 часот во Полициската станица Карпош, Б. Р. (54) од Скопје пријавил дека во Градскиот парк во Скопје бил каснат од куче скитник.
Вчер,а во 15.45 часот, во Полициската станица Драчево, А. Н. (52) од Скопје пријавил дека на улицата Јустинијан Први во Скопје бил каснат од куче скитник.