Црна хроника
Газда на локал во Гостивар подведувал македонски и странски државјанки на проституција
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција вчера донел наредба за истражна постапка против лице од Гостиварско за сторено кривично дело трговија со луѓе.
Од МВР, пак, надополнуваат дека станува збор за извесен Н.Р. (52) од селото Леуново, општина Маврово и Ростуше, со престој во селото Добри Дол, општина Врапчиште, Гостиварско.
Како што информираат од Обвинителството, осомничениот во периодот од средината на март 2021, па сè до 20 март годинава, во угостителски објект во Гостивар со кој управувал, со употреба на сила и закана, како и со злоупотреба на својата положба, подведувал на вршење проституција повеќе женски лица, наши и државјанки на Русија, Украина, Србија, за одреден паричен надоместок.
Жртвите биле и трудово експлоатирани, со што осомничениот се стекнал со противправна материјална корист. Експлоатацијата по пат на проституција се вршела во самиот угостителски објект на подрачјето на Гостивар, како и на други локации и објекти во Гостивар и Тетово.
При извршени претреси од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на угостителскиот објект и претрес во деловни простории што ги користел угостителскиот објект затекнати биле осомничениот, три странски државјанки од Србија и една македонска државјанка, како и шест лица гости во објектот.
Гостиварецот бил лишен од слобода и по предлог на јавниот обвинител, од Судија на претходна постапка му е одреден притвор во траење од 30 дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.