Црна хроника
Гевгеличанец извршил грабеж во казино заканувајќи се со ловечка пушка
Основното јавно обвинителство во Велес до Основен суд Велес поднесе обвинение против гевгеличанец на возраст од 40 години поради „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со огнено оружје или распрскувачки материи и разбојништво“.
Обвинетиот кај себе неовластено држел ловечка пушка и 8 ловечки куршуми. Од обвинителството велат дека на 9 јануари околу 2:40 часот од електронското казино во Гевгелија, заканувајќи се со пушката, одзел пари во вкупен износ од 150.000,00 денари.
„Обвинетиот маскиран во пределот на лицето, преку задниот спореден влез влегол во казиното и се упатил кон просторот каде што се наоѓа касата. Потоа ја вперил пушката кон касиерот кој бил на работно место давајќи му знак со пушката да се оддалечи од касата. Касиерот исплашен по својот живот од ваквата закана, ја послушал наредбата дадена од обвинетиот и го напуштил просторот кај касата. Тогаш обвинетиот ги одзел парите кои се наоѓале внатре во вкупен износ од 150,000,00 денари во различни апиени и го напуштил казиното“, велат од обвинителството.
Тој претходно извршил и разбојништво во Грција, за што бил осуден на ефективна казна затвор и избегал од државата за да го избегне издржувањето на изречената казна, а во повеќе наврати бил осудуван за кривични дела против имотот и против животот и телото на луѓето.
Основното јавно обвинителство Гевгелија ценеше дека постои опасност обвинетиот да се даде во бегство или да продолжи со вршење вакви кривични дела, па поради тоа до Основен суд Велес со поднесениот обвинителен акт достави и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.