Црна хроника
Глоби за прекршување на полицискиот час во Скопје
52-годишно лице, со двојно државјанство и без постојано живеалиште во Скопје, го прекршило полицискиот час кога со автомобил се движело по булеварите на главниот град.
Според надлежните, Основното јавно обвинителство поднело обвинителен предлог против едно лице со двојно македонско и канадско државјанство поради кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниво по Кривичниот законик.
Обвинетиот 52-годишник, без постојано живеалиште во Скопје, на 11 април, за време на важечки полициски час, со автомобил се движел на раскрсницата меѓу булеварите Борис Трајковски и Србија. Со ова тој постапил спротивно на мерките и протоколите за заштита на здравјето на населението од Ковид-19, велат од МВР.
За непочитување на полицискиот час, поведена е постапка и против двајца македонски државјани, кои исто така се гонат за кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на епидемија казниви по Кривичниот законик.
За секој од нив надлежниот јавен обвинител поднесе предлози за издавање казнен налог, со кои од судот побара да изрече парични казни од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да ја определи на 20 евра во денарска противвредност, известуваат надлежните институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.