Црна хроника
,,Голф” излета од патот, тројца повредени во Тетово
Три лица се повредени во сообраќајна несреќа во Тетово, кога „фолксваген голф” излетал од патот. Како што информира полицијата, синоќа во 23:55 часот на булевар „Видое Смилески-Бато“ во Тетово, Р.Р.(23) од Тетово, управувајќи патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил 15-годишен сопатник од с.Камењане, кој бил пренесен во болницата во Тетово. Со телесни повреди се здобиле сопатниците А.Б.(24) од с.Синиче и М.У.(24) од с.Вешала. Тие, исто така, биле пренесени во Клиничката болница Тетово за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист удри во пешак на „Партизанска“, двајцата повредени
Синоќа, на булеварот Партизански одреди во Скопје, мотоцикл „дукати“, со скопски регистарски ознаки, управуван од Е. П. (27) од Скопје, удрил во пешакот Н. Ѓ. (30) од с. Рашче, Скопско.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот, а мотоциклистот добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје, објави МВР.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.