Црна хроника
Гости истепале музичари во кафеана во Аеродром
Двајца музичари вчера биле нападнати од страна на двајца гости во угостителски објект во скопски Аеродром.
Според информациите од МВР, инцидентот се случил синоќа. Н.Б.(36) од Скопје пријавил дека истиот ден околу 00.50 часот во угостителски објект на булевар „Јане Сандански“, тој и И.П.(34) од Скопје, кои биле ангажирани како музичари, биле физички нападнати од К.М.(35) од Скопје и М.Б.(23) од село Брвеница, тетовско, кои биле гости во објектот.
На Н.Б. му била укажана лекарска помош во комплексот клиники „Мајка Тереза“, а И.П. се здобил со телесни повреди. Напаѓачите се приведени во полициска станица и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.