Црна хроника
Го намамиле на средба со непозната девојка во Гази Баба, а го дочекале со фантомки и рафални истрели
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице што се товари дека сторило кривично дело обид за убиство, мотивирано од крвна одмaзда.
Како што информираат од Обвинителството, настанот се случил на 24 септември минатата година, на крстосница меѓу улиците Дурмиторска и Алија Авдовиќ, каде што нападнатиот преку социјална мрежа договорил средба со непозната девојка.
Кога со своето возило пристигнал на договореното место, пред себе забележал друго возило без регистарски ознаки. Од возачката страна на возилото излегло непознато лице со фантомка на главата, а од совозачката страна излегол обвинетиот и со огнено оружје упатил рафални истрели кон автомобилот на оштетениот притоа нанесувајќи му тешки повреди опасни за животот.
На овој начин обвинетиот со умисла се обидел да го лиши од живот оштетеното лице.
Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот да ја продолжи претходно изречената мерка притвор за обвинетото лице сметајќи дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и можност дека ќе го повтори делото.
Притоа обвинителот особено ја истакнал околноста дека утврден мотив за кривичното дело е крвна одмазда и дека тој мотив сè уште постои кај обвинетиот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Две лица од Тетовско измамени за 11 илјади евра: Албанец им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, ниту отворил, ниту ги вратил парите
Педесет и седумгодишен жител на тетовско село, вчера во 14 часот и 40 минути во СВР Тетово пријавил дека 58-годишниот М.М. од Република Албанија во текот на минатиот месец нему и на уште едно лице им ветил дека ќе им отвори фирма во Дубаи, а за возврат тие во три наврати му платиле вкупно 11 илјади евра, извести СВР Тетово.
„Но, ниту фирмата им била отворена, ниту парите им ги вратил, по што сфатиле дека се измамени“, соопшти СВР Тетово.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.