Црна хроника
Го нападнал со нож и го исекол на лицето и раката
Синоќа во Полициската станица Куманово, 45-годишниот С.С. од Куманово пријавил дека Р.Н. со нож го нападнал и исекол на лицето и левата рака.
„С.С. со Д.Н. седел во ресторан на улица „Бранко Богдански Гуцман“, а околу 15.00 дошле Р.Н. и Л.Н. и седнале до нив. По кратко време Р.Н. и Л.Н. си заминале, а кога С.С. тргнал да си оди, му се доближил Р.Н. кој со нож замавнал кон него и го исекол во пределот на лицето и левата надлактица, по што побегнал.
После тоа, С.С. отишол во болницата во Куманово, каде му била укажаа помош и бил пуштен на домашно лекување“ соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.