Црна хроника
Го убил брат му па го закопал во дворот од семејната куќа
По претходна расправија, 40 годишен жител од село Гиновци-Крива Паланка, го усмртил неговиот брат и го закопал во дворот од семејната куќа, соопшти полицијата.
Имено вчера во 15.15 часот во с.Гиновци, кривопаланечко, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Ф.А.(40) од с.Гиновци, постапувајќи по пријава добиена во 14.30 часот според која тој пред неколку недели, по претходна расправија, го усмртил неговиот брат С.Џ.(29) од истото село и го закопал во дворот од семејната куќа.
Полициски службеници од Полициско одделение Ранковце излегле на местото, а Ф.А. бил приведен во полициска станица и при извршен службен разговор го признал делото.
Од страна на Јавен обвинител, полициска екипа, претставници од Институт за судска медицина и од Центарот за социјални работи извршен е увид, телото било пронајдено и по насока на обвинител предадено за обдукција.
По целосно расчистување на случајот против сторителот, како што информираат надлежните, ќе биде поднесена кривична пријава, а од страна на Судија на претходна постапка определена е мерка притвор во времетраење од 30 дена и ќе биде спроведен во Казнено-поправната установа Затвор К’шање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.