Црна хроника
Градежен работник од Куманово паднал од висина и починал
Шеесет и осумгодишен кумановец вчера починал кога претходно со тешки повреди бил итно пренесен во болница во селото Петровец. Според информациите на МВР, човекот работел на објект во изградба во индустриската зона Чојлија, атар на скопското село Чојлија, при што паднал од речиси пет метри висина.
Тој добил тешки повреди и итно бил пренесен во болница, каде што подоцна им подлегнал на повредите.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било пренесено на Институтот за судска медицина за обдукција. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се работи на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.