Црна хроника
Група тинејџери од Делчево фалсификувале пари
Жителка на Пехчево на 25 ноември во полиција пријавила случај на фалсификување пари.
Како што информираат од МВР, станува збор за продавачка, која пријавила дека во продавницата влегол купувач што побарал една кутија цигари, но бидејќи немал денари, платил со банкнота од 50 евра.
Подоцна жената се посомневала дека банкнотата е фалсификат и случајот го пријавила во полициска станица.
По преземните мерки, полицијата дошла до сознание дека можен сторител е 17-годишен малолетник од Делчево, а биле инволвирани и други лица.
Ден подоцна полициски службеници извршиле претрес на три локации во Делчево и разговор со четири лица.
Претрес бил извршен кај 19-годишниот С. М. и во домови на двајца малолетници од Делчево на возраст од 17 и 16 години.
При извршените претреси одземени се лаптоп, три мобилни телефони и испечатани разни банкноти. Потоа во полициска станица извршен бил разговор со уште еден малолетник (16) од Делчево.
По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава до надлежното обвинителство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.