Црна хроника
Даночен инспектор на УЈП уапсен поради поткуп од 5 000 евра
Даночен инспектор и двајца сметководители се уапсени поради поткуп од 5 000 евра. Секторот за внатрешни работи Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против деночниот инспектор во УЈП, Љ.С.(62) од Скопје, кој е предаден во обвинителството.
Тој е осомничен дека како даночен инспектор во Управата за јавни приходи, со намера да се стекне со противправна имотна корист, при вршење службено дејство што не смеел да го изврши, од сопственик на угостителски објект побарал и примил поткуп во износ од 5 000 евра. Во вршењето на кривичното дело му помогнале З.К.(60) и нејзиниот сопруг Љ.К.(63) двајцата од Скопје, ангажирани како сметководители од оштетената страна.
,,Даночниот инспектор вработен во Управа за јавни приходи – Регионална дирекција Скопје, со намера да се стекне со противправна имотна корист, од крајот на јуни годинава до почетокот на ноември, помогнат од сметководителите, во неколку наврати побарал, а на 05.11.2018 примил поткуп во износ од 5 000 евра, од А.С. , во замена за тоа угостителскиот објект на А.С., лоциран во ГТЦ, да не плати поголема сума пари која наводно ја должел кон УЈП. Од страна на А.С. на 9 октомври случајот е пријавен во СВР Скопје и веднаш се преземени соодветни мерки и актиовности, при што во текот на вчерашниот ден (05.11.), во трговски центар во Скопје е остварена средба меѓу пријавениот и оштетената во која Љ.С. го примил побараниот поткуп од 5 000 евра, по што бил лишен од слобода. По ова лишени од слобода се и З.К. и Љ.К.”, информира полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тетовец агресивно се однесувал со полицаец што вршел обезбедување на претседателските избори
Вчера, во 18.45 часот, полициски службеници од СВР Тетово пред влезот на основно училиште во Тетово го привеле Ѓ. Ј. (37) од Тетово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеник што вршел обезбедување при одржувањето на претседателските избори.
По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.