Црна хроника
Дваесет и двегодишник претепан пред поликлиниката Ченто, го нападнале четири лица
Дваесет и двегодишник од Скопје, со иницијали Б.Л. пријавил дека синоќа пред поликлиниката Ченто, физички бил нападнат од страна на четири непознати лица.
Лицата, како што јави МВР, повеќе пати го удриле со тупаници во пределот на главата и телото,со што му нанеле видливи повреди, црвенило и оток во пределот на лицето.
Според пријавата, до физичкиот напад е дојдено без повод и причина, односно додека истиот се движел пеш по улуцата „Маџари“, кога одзади му пришле четирите лица на возраст од 18 до 24 години и физички го нападнале по што се качиле во автомобил и заминале од местото на настанот.
Од полицијата велат дека работат на расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.