Црна хроника
Дваесет и тригодишна скопјанка со тешки повреди од удар на автомобил заврши на Ургентен
Дваесет и тригодишна скопјанка добила тешки повреди кога била удрена од автомобил на булеварот Никола Карев во текот на попладневните часови на 20 ноември.
Автомобилот „голф“, кој удрил во девојката, бил управуван од 57-годишен скопјанец.
Дваесет и тригодишната девојка со возило на итната медицинска помош најпрвин била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ по што била препратена на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.