Црна хроника
Двајца браќа гостиварци обвинети за бесправно градење
Двајца браќа од Гостивар се товарат дека како инвеститори граделе без одобрение. Според информациите, тие изградиле надградба 4. кат на постоен објект.
Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинителен акт против двајцата браќа на возраст од 60 и 55 години, кои како соизвршители го сториле кривичното дело бесправно градење од член 244-а став 1 од Кривичниот законик.
Обвинетите се товарат дека во октомври 2019 година во Гостивар како инвеститори граделе, без одобрение за градење, надградба 4. кат на постоен објект. Бесправното градење било констатирано од овластен инспектор за градежништво, кој на обвинетите им доставил решение, со кое наредува инвеститорите да ја отстранат надградбата изведена спротивно на Законот за градењето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.