Црна хроника
Велосипедисти се судриле кај Кичево, едниот со тешки повреди е пренесен во болница
Велосипедисти се судриле вчера на регионалниот пат Кичево – Демир Хисар.
И двајцата велосипедисти се од Кичево, на возраст од 54 и 55 години.
По незгодната, едниот од нив со возило на итната медицинска помош бил пренесен во Медицински центар Кичево каде од доктор му биле констатирани тешки телесни повреди, информираат од полицијата.
Увид на местотот на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.