Црна хроника
Двајца гостиварски тинејџери повредени откако со четирицикл удриле в ѕид
Две момчиња се здобиле со повреди во сообраќајна несреќа што се случила во селото Беловиште, гостиварско. Како што информираат од МВР, момчињата се возеле на мопед на четири тркала по локален пат и откако 17-годишниот возач загубил контрола удриле во ѕид од куќа. Од силината на ударот, заедно со совозачот и мопедот се превртеле.
Во незгодата возачот се здобил со тешки телесни повреди (фрактура на рака и повреди на главата) и со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобил и сопатникот Р.М. (18) од село Чајле, кој бил пренесен во Ургентниот центар во Гостивар.
Со овластување на Јавен обвинител, увид извршила полициска екипа, а причините и околностите на несреќата дополнително ќе се утврдуваат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.