Црна хроника
Двајца наставници од Скопје натепале ученици
Два случаја на насилство во училишта, каде што ученик бил нападнат од страна на наставник, биле регистрирани во текот на вчерашниот ден во МВР.
Според информациите од полицијата, едниот случај е во училиште на подрачјето на Бит-пазар, а другиот е во селото Радуша, Скопско.
„На 9.3.2022, во 8.45 часот, во Полициската станица Бит-пазар, Н. С. (45) од Скопје пријавил дека на 24.2.2022, околу 9 часот, во основно училиште на подрачјето на Бит-пазар, за време на настава, неговиот малолетен син бил физички нападнат од наставникот Г. А..
На 9.3.2022, во 21 часот, во Полициското одделение Сарај, А. Ќ. (32) од с. Радуша, Скопско, пријавила дека околу 14 часот била телефонски известена од класната наставничка на својот малолетен син дека додека бил на час во основно училиште во с. Радуша, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од наставникот С. С“, соопшти МВР во дневниот билтен.
Се преземаат мерки за расчистување на случаите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.