Црна хроника
Двајца осомничени за убиството во Прилеп
Прилепската полиција поднесе во саботата до Јавното обвинителство кривична пријава по чл.123 од КЗ против две лица кои се осомничени дека се можи извршители на убиството во жител од Могила во изнајмен стан во Прилеп за кое беше известено во четвртокот.
Во врска со случајот завчера евидентиран во прилепската полиција, кога при побараната полициска асистенција од страна на 53-годишниот М.М. за отворање на неговиот стан лоциран на улицата „Гоце Делчев“ во Прилеп, издаден под наем, во станот бил најдени 65-годишниот В.М. од селото Могила, без знаци на живот, биле преземени низа мерки и активности при што случајот е целосно расчистен.
Имено, имајќи предвид дека на телото на В.М. беа пронајдени траги на насилна смрт, беа обезбедени оперативни сознанија за можни извршители на кривичното дело. Притоа осомничени се две лица како можни сторители на кривично правниот настан и по нив била распишана потерница во координација со други СВР во земјата, и осомничените се пронајдени и приведени во ПС Кавадарци.
Станува збор за лицата С.М. (32) и В.М.(33), и двајцата од Прилеп, коишто целосно го признале убиството, коешто според нивните изјави било извршено уште на 27-ми февруари.
Според документираните сознанија на полицијата, осомничените со жртвата подолго време се познавале и во повеќе наврати го посетувале неговиот дом, така што критичниот ден заедно влегле во домот откога претходно купиле алкохол и потоа заедно консумирале.
Првоосомничениот, откога побарал одредена сума пари од жртвата а не ги добил од кујната зел кујнски нож и без да биде забележан ја прободел жртвата во задниот дел во пределот на бубрегот, при што жртвата се завртила кон него и притоа уште еднаш бил прободен во пределот на градите и паднал на подот. Второосомничениот цело време бил присутен за време на извршувањето на кривичното дело.
Откога го извршиле кривичното дело од џебот на панталоните го одзеле мобилниот телефон на жртвата, како и телевизорот од станот притоа земајќи го клучот од станот, го заклучиле и се дале во бегство.
Од страна на увидна екипа подигнати се поголем број биолошки, хемиски и дактилоскопски траги кои со наредба на јавен обвинител се дадени на вештачење./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.